fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево и умерено облачно

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 19 до 29 степени.

Сончево со мала до умерена облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец кој во југозападните делови ќе се засилува. За јужните делови од земјава УХМР прогнозира зголемување на облачноста и појава на локален дожд.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 19 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5.

Можно е да е слика од нацрт и текст

Во Скопје денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од североисточен правец. Температурите во главниот град ќе бидат во интервал од 17 до 29 степени.

Според прогнозата на УХМР, слично време се очекува и во наредните неколку дена.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close