fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сточарите од Митрашинци и Будинарци се пожалија за субвенциите кај Трипуновски

Субвенциите за млеко не им се исплатени, немаат посебни јавни повици за земјоделско земјиште за сточарите, во последно време не добиваат решенија за исплатата на субвенциите и немаат никаква поддршка од државата.

Остварив средби со сточарите и земјоделците од Митрашинци и Будинарци, објави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер .
Македонските сточари секаде се соочуваат со истите проблеми. Субвенциите за млеко не им се исплатени, немаат посебни јавни повици за земјоделско земјиште за сточарите, во последно време не добиваат решенија за исплатата на субвенциите и немаат никаква поддршка од државата.
Македонските земјоделци се тие кои ја хранат Македонија и не треба да го добиваат овој третман од својата држава. Ние имаме јасен план како да им помогнеме и во иднина единствен проблем да им биде како да произведат повеќе. ВМРО-ДПМНЕ покажало во минатото, а ќе покаже и во блиска иднина дека вистински се грижи за македонските земјоделци!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close