Агро бизнисВестиТоп вести

Стоковите резерви ќе се полнат со пченица откупена од македонските земјоделци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со одлука на Владата ќе се откупат 9.000 тони македонска пченица

Стоковите резерви на пченица ќе се полнат со пченица откупена од македонските земјоделци. Според ВМРО-ДПМНЕ, со одлука на Владата ќе се откупат 9.000 тони македонска пченица за потребите на државните стокови резерви.

Од партијата велат дека наместо увозна пченица, која во минатото била купувана по повисока цена, сега резервите ќе се полнат со домашно производство.

„За време на владеењето на СДС, стоковите резерви се полнеа со пченица од странство, купена за 25% поскапа од берзанската цена, односно по 27 денари за килограм, што беше за шест денари поскапо. Профитот од ваквите зделки завршуваше кај посредниците, а сега целата добивка оди директно кај македонскиот земјоделец,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека со оваа мерка се штити интересот на државата и се обезбедува сигурен пласман за домашните производители на пченица.

Поврзани новости

Back to top button