fbpx
ВестиТоп вести

Моќниот говор на 16-годишната Грета Тумберг „им удри шлаканица” на светските лидери затоа што ја крадат иднината на новата генерација!

 

 

„Годината 2078 година ќе го славам мојот 75-ти роденден. Ако имам деца, можеби тие ќе го поминат тој ден со мене. Можеби ќе ме прашаат за вас. Можеби ќе прашаат зошто не презедовте ништо додека сè уште имало време да се дејствува. Велите дека ги сакате своите деца пред сè, а сепак им ја крадете  иднина пред нивните очи. Додека не започнете да се фокусирате на она што треба да се направи, туку политички пристапувате, нема надеж“.

 

 

 

Ова се пораките на Грета Тумберг една од 25-те највлијателни тинејџерки на светот според светскиот магазин „TIME”. Девојчето од Шведска беше номинирано  за Детската климатска награда, но одби да ја подигни затоа што одбива да патува со авион и го осудува авионскиот транспорт како еден од најголемите загадувачи на природата. Таа одржа говори пред сите светски моќници и институции.

Таа одби да оди на училиште:

„Зошто треба да учам за иднина што наскоро може да ја нема повеќе, кога никој не прави ништо за да ја спаси таа иднина? И, која е поентата на учење факти кога најважните и најочигледните факти не значат ништо за нашето општество?”

Пред да ја увиди светот решителноста на Грета Тумберг во борбата против климатските промени таа беше осамена личност која седеше пред Парламентот  во Стокхолм, носејќи знак „Училишен штрајк за климата”. Инспирирана од преживеаните од училишното пукање во февруари 2018 година во Паркланд, Флеј, таа започна да штрајкува  секој петок и да не посетува настава. Почна да се обраќа на социјалните медиуми за да ги натера политичарите да ја поддржат и да преземат чекори кон запирање на емисијата на јаглерод. Од Конференцијата за климатски промени во Соединетите Држави во декември, следењето на Твитер на Тунберг се зголеми за скоро 4000% и достигна 612.000. Многумина, исто така ја поддржаа штрајкувајќи и  барајќи промена.

Пред тоа, никогаш не зборував кога бев на  часови или со соучениците.Но, сега зборувам и се обраќам кон целиот свет“,  рече таа веднаш по нејзиниот говор во Лондон.

 

 

Грета не само што зборува отворено за климатските промени, туку и за нејзините медицински дијагнози. Поточно, таа страда од компулсивно опсесивно нарушување, селективно пелтечење и Аспергерово растројство, но кога станува збор за климатските промени, нејзините дијагнози се длабоко во позадината. Инаку, Аспергеровото растројство е на спектарот на аутизам и обично луѓето имаат проблеми со социјална интеракција и емпатија.Селективното пелтечење се јавува само во одредени ситуации кога поединецот смета дека е крајно стресно и повремено го чувствува стравот од сопствениот глас. Но, не кога девојчето зборува за климата и промените кои треба итно да ги направиме сите ние.

Нејзините моќни зборови на UN Climate Change Conference во Полска во декември 2018 година ја фрлија целата одговорност на светските лидери . Тие како носители на одлуките ја загрозуваат иднината на сите деца на светот. Еве ги моќните зборови со кои „удри” по сите возрасни:

“Јас се викам Грета Тунберг. Јас имам 15 години и сум од Шведска. Јас зборувам во име на Климатската правда. Многу луѓе велат дека Шведска е само мала земја. Но, научив дека никогаш не сте премногу мали за да направите разлика и ако неколку деца можат да добијат наслови низ целиот свет само со тоа што не одат на училиште, тогаш замислете што можеме да направиме сите заедно ако навистина сакавме.

 

 

За да го сториме тоа, мора да зборуваме јасно. Без разлика колку е непријатно тоа. Вие зборувате само за вечен економски раст затоа што премногу сте исплашени да бидете непопуларни. Вие само зборувате за напредување со истите лоши идеи што не вовлекоа во овој хаос. Дури и кога единствено е разумно да ја повлечете сопирачката.

Вие не сте доволно зрели да признаете. Дури и тогаш кога тој товар ќе го оставите на нас, децата. Но, не ми е гајле како ќе ме сфатите. Се грижам за климатската правда и за живата планета. Нашата цивилизација се жртвува за да имаат можност многу мал број луѓе да се богатат. Нашата биосфера се жртвува за да можат богатите луѓе во земји како мојата  да живеат во луксуз. Тоа е страдање на мнозинството,  кое  плаќа за луксузот на малкумина.

„Годината 2078 година ќе го славам мојот 75-ти роденден. Ако имам деца, можеби тие ќе го поминат тој ден со мене. Можеби ќе ме прашаат за вас. Можеби ќе прашаат зошто не презедовте ништо додека сè уште имало време да се дејствува. Велите дека ги сакате своите деца пред сè, а сепак им ја крадете  иднина пред нивните очи. Додека не започнете да се фокусирате на она што треба да се направи, туку политички пристапувате, нема надеж“.

 

Не можеме да ја решиме кризата без да ја третираме како криза. Ние треба да ги задржиме фосилните горива во земјата. И ако решенијата во рамките на овој систем се толку невозможни да се најдат, тогаш можеби треба да го смениме самиот систем. Ние не сме дојдени тука да ги молиме светските лидери да се грижат. Вие нè игнориравте во минатото и повторно ќе не игнорирате. Ние дојдовме овде да ве известиме дека промената доаѓа, сакале или не.

Вистинската моќ му припаѓа на народот!

Веќе 25 години безброј луѓе стојат пред климатските конференции на Обединетите нации, барајќи од нашите држави да ги запрат емисиите. Но, јасно е дека ова не функционира бидејќи емисиите само продолжуваат да растат.

Затоа нема да прашам ништо.

Наместо тоа, ќе ги замолам медиумите да започнат со третирање на кризата како криза.

Наместо тоа, ќе ги замолам луѓето од целиот свет да сфатат дека нашите политички лидери не успеаја.

 

Затоа што се соочуваме со егзистенцијална закана и нема време да продолжиме по овој пат на лудилото.

Богатите земји како Шведска треба да започнат со намалување на емисиите за најмалку 15% секоја година за да го достигнат затоплување од 2 степена. Очекуваме медиумите и сите наши водачи да зборуваат за тоа  – но никој не споменува за овој проблем.

Ретко кој зборува и за тоа дека сме среде шестото масовно истребување, при што до 200 видови живи суштества исчезнуваат секој ден.

Исто, никој не зборува за аспектот на правичноста, јасно наведен насекаде во Париската спогодба, што е апсолутно неопходно на глобално ниво. Тоа значи дека богатите земји треба да ја намалат до нула емисијата во рок од 6-12 години со денешната брзина на емисијата за да можат луѓето во посиромашните земји да го засилат својот животен стандард со изградба на дел од инфраструктурата  како што се болници, електрична енергија и чиста вода за пиење.

Како можеме да очекуваме земји како Индија, Колумбија или Нигерија да се грижат за климатската криза, ако ние, кои веќе имаме сè, не се грижиме ниту за секунда, за нашите вистински обврски кон Договорот во Париз?

Така, кога училиштето започна во август годинава, седнав пред шведскиот Парламент. Јас штрајкував за климата со тоа што не посетував настава.

Некои луѓе велеа дека наместо тоа треба да бидам на училиште. Некои луѓе велеа дека треба да учам за да станам климатски научник за да можам да ја „решам климатската криза“. Но, климатската криза веќе е решена. Веќе ги имаме сите факти и решенија.

И, зошто треба да учам за иднина што наскоро може да ја нема повеќе

Денес користиме 100 милиони барели нафта секој ден. Нема политика да го смени тоа. Не постојат правила да се задржи тоа масло во земја.

Значи, не можеме да го спасиме светот играјќи според правилата. Бидејќи правилата треба да се променат.

Ние не сме дојдени тука да ги молиме светските лидери да се грижат за нашата иднина. Тие нè игнорираа во минатото и повторно ќе не игнорираат.

Дојдовме тука за да им кажеме дека промената доаѓа, сакале или не. Луѓето ќе се кренат на предизвик. И бидејќи нашите водачи се однесуваат како деца,ние, децата ќе мора да ја преземеме одговорноста што требаше тие да ја преземат одамна“.

Се сеќавате ли како пред петнаесетина години имаше јасна граница помеѓу годишните времиња? Како уживавме во бел и ладен Божик, блага есен и пролет и летни одмори кога температурата никогаш не надминуваше 30 Целзиусови степени?

Зошто дозволивме тоа да исчезне?

Ако лелекот на природата не е доволен за нас, нека ни биде повикот на Грета. Да го слушаме и да сториме се што можеме.Барем да се обидеме.

Треба под итно да почнеме да ги менуваме навиките, да користиме велосипеди, да рециклираме, да користиме платнени торби. Треба да го избегнуваме, бојкотираме користењето на пластиката. Ако ги комбинираме сите овие, навидум мали постапки, добиваме вредни резултати.

Грета нека ни биде повикот за нашето неопходно будење. Заради нас самите и заради иднината на нашите деца за која толку многу се залагаме и бориме, а по се изгледа во сосема погрешен правец.

 

Христина Фуна

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close