fbpx
ВестиТоп вести

Еу донесе одлука за забрана на пластични производи за една употреба

 

Европскиот прламент донесе одлука за забрана на пластични предмети  за еднократна употреба, како што се цевки за пиење, прибор за јадење, амбалажа за храна за носење, капаци за топли пијалоци и памучни стапчиња.

Земјите членки на ЕУ ќе треба да стигнат до целта од 90 отсто за собирање пластични шишиња до 2029 година, кога пластичните шишиња треба да бидат со најмалку 25 отсто рециклирачка содржина до 2025 година и 30 отсто до 2030 година.

Европската Унија предвидува дека промените ќе ја чинат економијата од 259 до 695 милиони евра годишно. Од друга страна, новото законодавство ќе спречи штета по околината од 25 милијарди евра во наредните десет години.Одлуката е доенесена  со цел да се нанали загадувањето на мнорињата и океаните .Европскиот парламент заклучи дека загадувањето со пластичен отпад сега е поголемо за 20% во споредба со 1960-ите. Европејците годишно прават 25 милиони тони пластичен отпад, а само 30% од него се рециклира. Повеќе од 80% од отпадот во морињата е пластичен.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close