Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд
Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.





