fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа во Тетово делеше картички за „зелена нафта“

Во оваа подрачна единица, опфатени се вкупно 1304 земјоделци од тетовскиот регион, а вкупната вредност на картичките изнесува околу 4.3 милиони денари.

Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа во подрачната единица во Тетово, лично подели картички за зелена нафта на земјоделците од Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце. Во оваа подрачна единица, опфатени се вкупно 1304 земјоделци од тетовскиот регион, а вкупната вредност на картичките изнесува околу 4.3 милиони денари.
Картичките доаѓаат кај земјоделеците во ек на берба и пред почеток на есенска сеидба, токму кога нафтата е најпотребна и кога најмногу се користи земјоделската механизација.
До крајот на неделава ќе бидат распределени картички за зелена нафта во сите останати подрачни единици на целата териоторија на државата. Вкупно за оваа мерка обезбедени се 200 милиони денари.
Безготовинската картичка е намената за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.
Крајниот рок за искористување на средствата кои се на располагање на „зелената картичка“ е до крајот на април 2022 година.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close