fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ноември топол и екстремно врнежлив месец

Највисоката максимална температура е измерена на 6 ноември во Гевгелија и изнесуваше 26,7 степени. Најниската минимална температура, пак, е евидентирана во Лазарополе, на 27 ноември, -12,2 степени.

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјавам, месев ноември 2023 година се карактеризира како топол и екстремно врнежлив месец, соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 4,1 степен во Лазарополе до 11 степени во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура беше два степена повисока на ниво на држава.

Највисоката максимална температура е измерена на 6 ноември во Гевгелија и изнесуваше 26,7 степени. Најниската минимална температура, пак, е евидентирана во Лазарополе, на 27 ноември, -12,2 степени.

Синоптичарите укажуваат дека имало невообичаено високи температури во почетокот и ниски зимски температури кон крајот на месецот.

Во ноември, месечната сума на врнежи во државата варираше од 64мм во Гевгелија до 350мм во Маврово. Надмината е најголемата месечна сума на врнежи од 325мм во Маврово од 1985 година.

Во почетокот на месецот врнежите беа од дожд и град за да на крајот на целата територија на државата биде забележана појава на снег со исклучок на местата под 400м нмв. Максимално дневно количество на врнежи од 87мм беше регистрирано во Маврово на 4 ноември.

Забележена беше снежна покривка од 40см на 29 ноември на Попова Шапка и 23см на 25-ти во месецот во Маврови Анови.

Споредено со ноемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше поголема за 52мм или е 71% над просечната на ниво на држава

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close