fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Стомнароски-Парите од петтиот пакет се добредојдени за тутунарите, Владата го исполни ветувањето

За новата реколта се очекуваат повисоки откупни цени

Средствата од петтот пакет помош за тутунарите се добредојдени пред откупот на тутунот од новата реколта, вели Менде Стомнароски претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

-Петтиот ковид пакет е позитивно дочекан од земјоделците, тутунарите, затоа што Владата и МЗШВ ветија дека ќе ни помогнат заради неповолната откупна сезона во минатата година и го исполнија ветувањето.

Секоја помош од Владата е позитивно оценета, зашто парите им се од помош на тутунарите, особено што на тутунарите  им е потребна финансиска поткрепа пред стартот на откупот за новата реколта на тутунот, рече Стомнароски.

Според него течат подготовките за новата откупна сезона на тутунот.

-Се уште компаниите не го определиле точниот датум на почеток на откупот, но мострите се земени и заверени, точно навреме на 15 ноември. Сега сме во изготвување на анекс договорите, усепавме да го смениме Правилникот за откуп на тутунот. Очекуваме добар откуп, гоиднава имам еи квалитетне тутун и мислам дека ќе биде добра година за тутунарите со добри цени.  Очекуваме да  нема вишок на тутун, и да се преземат договорените 22 милиони килограми тутун, рече Стомнароски.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close