ВестиМакедонија

Бесими: Светска банка укажа дека мерките ги ублажија ефектите од ковид-кризата

Важно е тоа што препораката е да се продолжи со таквите мерки за поддршка на економијата и во текот на 2021 година, изјави Бесими, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на бескаматната линија „Ковид 4“

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека најновиот извештај на Светска банка е објективен и претставува слика за сето она што се случуваше во македонската економија и она што се очекува во текот на годината.

– Она што е важно е дека во главните забелешки се укажува на фактот дека мерките што беа преземени придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата. Важно е тоа што препораката е да се продолжи со таквите мерки за поддршка на економијата и во текот на 2021 година, изјави Бесими, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на бескаматната линија „Ковид 4“.

Во следниот период, како што истакна, ќе се продолжи во насока на закрепнување на економијата и создавање на одржлива основа за долгорочен, стабилен и забрзан економски раст.

Нагласи дека кон средината на годината во зависност од економските движења извесно е дека ќе треба да се направи ребаланс на Буџетот.

– Сега сме во фаза кога се анализира реализацијата на Буџетот. Во првиот квартал имаме прилично добра реализација на приходите согласно нашите проекции и подобри во однос на првиот квартал минатата година. Кај расходната страна гледаме каде во наредниот период, според потребите, ќе има можност да се релоцираат дел од средствата и дел веројатно ќе треба да се додадат во Буџетот за да се поддржат мерките кои ќе ги соопшти Владата во зависност од потребите, изјави Бесими.

Повтори дека постојано се следат движењата во економијата и како пандемијата се одразува и согласно на тоа ќе се реагира и во следниот период.

За тоа дали ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на плати Бесими упати на тоа дека мерката што денеска ја презентираа заедно со Развојната банка е многу слична.

– Истата мерка до 50 проценти може да биде грант ако има раст на приходите и на бројот на вработени, рече Бесими. https://nezavisen.mk/besimi-svetska-banka-ukazha-deka-merkite-gi-ublazhija-efektite-od-kovid-krizata/

Поврзани новости

Back to top button
betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet