fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Традиционален саем на земјоделска механизација   на манифестацијата „Преспанки јаболкобер“

 

Манифестацијата „Преспански јаболкобер“ традиционално е збогатена со мини саем на земјоделска механизација. И оваа година  посетителите имаа можност да  погледнат најсовремена земјоделска и приклучна механизација која  се користи во овоштарството, како и други производи кои што се користат во секојденвието.  Беа изложени  последните достигнувања  во развојот на земјоделската механизација  без кои во иднина нема да може да се замисли развојот на овоштарството.

Синпекс Битола препознатлив бренд на пазарот

Оваа година на штандот на битолската компанија Синпекс Битола  беа претставени најразлични производи од добро познати брендови како од ситна така  и крупна механизација, што предизвика голем интерес кај посетителите.

„Синпек Битола секоја година се претставува со разновидна понуда на производи,  може  да се забележи дека нашиот  штанд е најброен како по однос на механизација , така и по посетеноста.   Одлучивме да се претставиме со производите  на нашите добро познати брендови, индиските трактори Тафе, атомизерите Онтар, како и производите на Husqvarna  и  Agrina. Настапуваме заедно со нашиот овластен дилер  за преспанскиот дел Агро Гавро, има голем интерес од страна на посетителите занашата механизација, изјави за Зелена берза Бојан Геровски, референт за продажба во синпекс Битола. Она што можам да кажам од тековната работа е дека оваа година преспанскиот  регион беше најмногу помогнат од ИПАРД програмата, околу 60 – 70 % од апликациите што беа  беа одобрении се однесуваа на ресенскиот регион. Имаше голем број на трактори, мулчери,атомизери, ножици за режење и останата механизација“, додава Геровски.

 

 

За прв пат промовирана платформа за берење и режење

Посетителите на овој саем најмногу се интересираа за тракторите од брендот Тафе, што е очекувано.  На саемот за прв пат беше претставена платформа што се користи при берба на овошје како и режење, која што е увезена од  фирмата Фотополис Грција.

 

„Платформата е најнов производ и е идеална за користење во овоштарството, посебно во овој преспански регион. Може да се користи и за берба на јаболка како и за режење. Има хидрауличен систем  со чија помош се подигнува платформата  нагоре до 3,5 метра. На платформата  може слободно да се семстат 7-8  работници и непречено да ги  извршуваат предвидените операции, со што значително се олеснува работата“ објаснува Бојан Геровски.

 

Husqvarna    и  Agrina  најзастапени брендови од ситната механизација

 

„На штандот на ситната опрема се претставуваме со најдобрите моторни пили Husqvarna. Се преставуваме со програмата за наводнување, програмата за производство на енергија, со агрегатите, а истоп така нудиме и  компресори, косилки од реномираниот   бренд  Agrina.

 

Како за почеток  можам да кажам дека најмногу посетителите  на овој штанд се интересираат за моторните пили, a бидејќи сега следи зимска сезона кога  се случуваат повеќе проблеми со струјата, посетителите  се интересираат и за агрегати“ појаснува Ѓорги Христовски, референт по продажба во Синпекс  Битола.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close