Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски најави годинава ќе се интензивираат контролите на терен со цел субвенциите да завршат кај вистинските земјоделци

Трипуновски рече дека во новата програма е предвидена минимална површина од 0,5 хектари за да се оствари правото на финансиска поддршка.

Наводите на лидерот на опозициската партија целосно ги отфрли министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

„Изминативе денови слушам дека опозицијата шири невистини во јавноста со наводно кратење на субвенциите, дека имаме сериозно кратење од 40 милиони евра, што апсолутно го отфрлам и е неточно“,

изјави Трипуновски 

Во однос на условите за добивање на субвенциите, Трипуновски рече дека во новата програма е предвидена минимална површина од 0,5 хектари за да се оствари правото на финансиска поддршка. Целта, како што рече, е дополнително да се зголеми земјоделското производство, особено на винските сорти грозје од кои потоа ќе се произведе квалитетно македонско вино што ќе се продава на странските пазари.

Трипуновски најави дека годинава ќе се интензивираат контролите на терен со цел субвенциите да завршат кај вистинските земјоделци, а не кај оние што не обработуваат земјоделски површини, а сакаат субвенции.

Поврзани новости

Back to top button