
Трипуновски најави „ПОРТА ЗА ИЗВОЗ“ ќе гради два големи агро-објекти
Скопје ќе биде поставен камен-темелник на нова современа платформа за пласман на земјоделските производи, која треба да претставува една од најзначајните инфраструктурни инвестиции во секторот. Министерот Трипуновски најави видливи инвестиции во земјоделието.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, гостувајќи во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, најави дека оваа година ќе биде исполнета со активности што, како што рече, ќе бидат јасно видливи за јавноста.– Оваа година ќе биде исполнета со многу активности кои ќе бидат јасно видливи за јавноста. Изминатите две години беа насочени кон административно сработување на активностите – истакна Трипуновски.Тој најави дека во Скопје ќе биде поставен камен-темелник на нова современа платформа за пласман на земјоделските производи, која треба да претставува една од најзначајните инфраструктурни инвестиции во секторот.
– Ќе изградиме два големи објекти со магацински простор, капацитети за калибрација, изложбен дел и фитосанитарна контрола. Тоа ќе биде вистинска порта за извоз на македонските земјоделски производи, како за домашниот така и за странските пазари – нагласи министерот.
Трипуновски посочи дека паралелно се реализираат и системи за наводнување во соработка со Германската развојна банка КФВ.
– Работиме и во делот на носењето на нови закони кои ќе значат нови правила на игра во делот на регулација на пласман, откуп на земјоделски производи, олеснување на многу процедури во делот на земјоделското производство – рече тој.
Министерот додаде дека заедно со Државниот инспекторат за земјоделство и другите институции активно го следат процесот на откуп и почитувањето на законите.
– Целта е земјоделците да имаат стабилност и да знаат дека има некој што го следи процесот и дека не се оставени сами на себе како во минатото.



