fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите чекаат субвенции, а министерот објави – За 60% е зголемен откупот на тутун за оваа реколта во споредба со минатата

Вредноста на откупот на последната реколта е 4,5 милијарди денари.

Тутунарите ги чекаат субвенциите од тутунот од последната реколта и постојано поставуваат прашања преку медиумите кога ќе бидат исплатени оти парите им требаат за новата реколта. Поминува и вториот месец од завршувањето на откупот, а тутунарите си ги бараат субвенциите.
Денеска министерот Цветан Трипуновски објави податоци за успешноста на последната реколта.
-За 60% е зголемен откупот на тутун за оваа реколта во споредба со минатата.
За реколтата 2024/2025 се откупени 24.321.802,91 килограм тутун наспроти за периодот 2023/2024 кога се откупило само 14.763.596,06 килограми.
Вредноста на износот на откупот за оваа реколта е зголемен за околу 4,5 милијарди денари.
Бројките говорат за успешните политики кои што ги води Министерството, објави министерот Цветан Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close