Увид на штетите од вчерашното невреме во Ресенско

(Oвој напис е објавен на: July 10, 2018)

Претставници на Министерството за земјоделство и на локалните власти денеска ќе прават увид во штетите од вчерашното невреме што го зафати Ресенско.

Според првичните информации, поројниот дожд и врнежите град предизвикале најголеми штети врз земјоделските посеви во селото Јанковец, како и во делови од селата Златари и Сопотско.

Проценките ќе ги врши Комисијата формирана во мај од Општина Ресен. Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран денеска, зависно од штетите и зафатената површина.

По завршување на проценката, ќе следува постапка за обесштетување.

Деновиве невреме имаше и во повеќе населени места во општините Струмица и Босилово, како и во Могила. Од врнежите град и поројниот дожд во Струмичко најпогодени беа пиперот и пченицата, но предизвикана беше и материјална штета на објекти и на приватен имот, додека во Могила најмногу настрада тутунот, а најголеми штети, според првичните проценки, има во селата Вашарејца, Долно Српци, Бернаци и Ивањевци.


 

сител