вестиВино

Во овој период нема опасност од болести по виновата лоза

Во тек е претпоследната заштита во лозовите насади. Лозарите третираат со контактни препарати заради превентива од гроздов молец. Ова се сознанијата кои секојдневно ги добиваат  од терен самостојните референти во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци.

vo ovoj period nema opasnost od bolesti po vinovata loza

 

– Во овој период на високи температури нема услови за појава на болести во лозовите насади вели раководителот на агенцијата Драганчо Николов. Меѓутоа лозарите потребно е и понатаму да бидат будни и да ја следат здравствената состојба на своите насади. Во периодоот од 3 до 10 август ќе треба да следи последната заштита од гроздов молец која всушност ги прави и најголемите штети во лозарството. На пет локации во Општините Кавадарци и Росоман се поставени феромни со кои точно се следи летот на третата генерација на гроздовиот молец, па нашите лозари навреме ќе бидат информирани за оптималниот рок кога ќе треба да ја извршат последната заштита вели Николов.

Она што е исто така многу важно за нашите лозари е дека преку Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во општина Кавадарци  до крајот на јули ќе биде поставена  првата агрометеоролошка станица. Станува збор за современа метеоролошка станица со која најдобро ќе може да се следат климатските програми и да се информираат земјоделците навреме за температурите, влажноста на воздухот водениот талог а со тоа и прецизно да се предвидуваат можните предуслови за појава на болести инмформации кои во современиот аграр се основен предуслов за  продуктивно земјоделско производство.

Од агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството дознаваме дека во општина Росоман во тек е бербата на сортите маја и гло хевен. Цената на овие сорти во откупните центри се движи од 20 до 30 денари по килограм што се смета за добра откупна цена. Квалитетот на откупените праски е одличен на сметка на намалениот род бидејќи годинава генерална проценка е дека за 80% родот кај праската е намален заради пролетните измрзнувања.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close