Вие прашувате, Зелена берза одговара

(Oвој напис е објавен на: November 30, 2018)

Жител од с. Дукатино Струмичко постави прашање до редакцијата на Зелена берза, дали може да продава садници за цвеќе што сам ги произведува на зелен пазар ?

Со цел да најдеме одговор на ова прашање се обративме во  ЈП Пазари во Битола. Жителот од с.Дукатино може да продава садници на тезга на зелен пазар. Секако за тоа треба да бидат исполнети некои услови. Условите за проджба на сите зелени пазари во државата се регулирани според  „Законот за трговија на зелени пазри“.

Со овој закон се уредуваат условите и начинот на вршење на трговија на зелените пазари во Република Македонија, субјектите кои може да вршат трговија на зелените пазари, условите и начинот на организирање на зелените пазари, евиденцијата на трговците на зелени пазари и правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари.

Стоките кои може да се продаваат на зелените пазари ги определува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за економија, во согласност со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

За да може да се закупи простор (тезга) на зелен пазар се склучува договор меѓу правното лице што го организира пазарот и лицето што сака да продава. Покрај личната карта за таа цел потребна е и легитимација која што ја издава Комората.

Измените во Законот  за трговија се направени со цел да се воведе ред во оваа сфера по теркот на регулативата во ЕУ земјите. Законот има и недоречености кои треба да се регулираат со правилници, но за било какви прашања одоговор може да се добие кај надлежните што го организираат пазарот, конкретно во овој случа,ј претпријатието во Струмица.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

Share Button