Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески јавно го прашува Ристевски – Зошто 91 тутунар не добија субвенции?

Тутунарите кај кои беа констатурани неправилности не добија субвенции, а Ристевски кажа дека проблемот е надминат

Игор Мирчески со јавно обраќање до претседателот на Сојузот на тутунопроизводители

Господине Кире Ристевски, пред кратко време дадовте изјава дека за тутунарите кај кои беа констатирани неправилности, Сојузот преку преговори со надлежните институции позитивно ја решил оваа проблематика и дека сите 91 тутунопроизводител ќе ги добијат субвенциите по килограм предаден тутун.

Но, бидејќи овие луѓе сè уште немаат добиено ниту денар, а веќе два дена упорно се обидуваат да стапат во контакт со вас, додека вие се криете и не одговарате на нивните телефонски повици, јавно ви ги поставуваме следните прашања:

Од која причина, ако овој проблем е решен позитивно, ниту еден од овие 91 тутунар сè уште не ги добил своите субвенции?

Дали договорот што сте го постигнале со институциите е овие луѓе да бидат повикувани во Платежната агенција и да бидат приморани да потпишат согласност со која парите, сепак, ќе треба да ѝ ги вратат на државата, и тоа на три рати?

Дали ова е „успехот“ што успеавте да го договорите со институциите?

Ако е така, тогаш со вашата изјава ги изманипулиравте овие тутунари, а на јавноста не ѝ ја кажавте вистината. Наместо решавање на проблемот, на луѓето им беше создадена лажна надеж дека нивната голгота е завршена, а реалноста покажува нешто сосема друго.

Тутунарите заслужуваат јасни одговори, а не молк и избегнување на одговорност.

Поврзани новости

Back to top button