fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Автомобил се судри со автобус на РЕК Битола, пожарникари го ваделе возачот од автомобилот

Сообраќајот кај Новиот пазар е во прекин и пренасочен

Вечерва се случила тешка сообраќајка пред Новиот пазар во Битола каде според очевидци автомобил „шевролет“ се судрил со автобус на РЕК Битола. Пожарникари интервенираа да го извлечат возачот на автомобилот, кој со повреди е пренесен во Битолската болница. Сообраќајот е во прекин на ова место,  очекуваме подетални информации од СВР Битола. За жал на улицата „Васко Каренгелески“ неретко се вози брзо и со брзина над дозволената иако полициски патроли секогаш го контролираат сообраќајот токму наспроти Новиот пазар кај автобуската постојка.

Според информација од директорката на Клиничка болница Битола, д-р Елизабета Ивановска повредени се две млади лица.
„Едно лице е полесно повредено со посекотини на лево колено и на уста, а другото има отворена фрактура на левиот лакт“.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close