fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Времето денес променливо облачно наместа со поројни врнежи

Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места, особено попладне, се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално ќе има и невреме. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 6. 

Во Скопје слично време со минимална температура до 17 степени и максимална до 26 степени.

Променливото време ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Веќе од понеделник се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Повремените поројни дождови ќе створат услови за појави на болести кај растенијата, како трулеж на плодовите, пламеница и пепелница кај виновата лоза, за што се препорачува да се преземат соодветни мерки за нивно сузбивање.

Слични написи

Back to top button
Close