fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Младиот Багојче Ристовски од Прилеп си ја реализира желбата за одгледување пчели

Бачовски: Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на државата и регионите каде вршат земјоделска дејност

Младиот Багојче Ристовски од Прилеп е успешен земјоделец и остварува успешна земјоделска дејност со средствата преку владината мерка „112 – помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.” Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски  беше во посета на младиот Ристовски за успешно реализираниот и поддржан проект преку програмата за рурален развој.

Преку оваа мерка Ристовски успеал да си ја реализира желбата за одгледување пчели, а поддршката која ја добил преку Агенцијата му била добредојдена за отпочнување на овој проект. Ристовски, апелира младите да не се плашат и да ги искористат поволностите кои ги нудат програмите и мерките за земјоделство и да си отвораат сопствени фарми, да произведуваат домашна храна и да ги развиваат местата каде што живеат.

Бачовски посочи дека е горд што младите луѓе ги користат мерките за реализација на своите идеи.

-Овој проект е само еден од низата успешно реализирани проекти преку мерката 112, Млад земјоделец со подддршка до 10 илјади евра. Ристовски, доби финансиска поддршка од 302 илјади денари со кои набавил опрема за пчеларство и нуклеуси и, ова што во моментов го гледам е одлично завршен проект преку кој е поставена основата за сопствено одгледување на пчели и производство на мед. Како прв човек на АФПЗРР и како млад, сум многу горд на ваквите проекти, но и на мерките и политиките кои ги спроведуваме. Овие проекти само покажуваат дека секоја инвестиција во младите е инвестија и во иднината на нашата држава, во иднината и перспективата на економијата, на нови работни места. Ова е доказ дека ова е само еден од начините како ги мотивираме младите да создаваат свои бизниси, да отвораат свои фарми, да го модернизираат и зголемуваат производството на земјоделски производи, рече Бачовски.

Владата и Агенцијата остануваат посветени на креирањето поволни услови за раст и развој на домашниот агро-сектор. Земјоделството е шансата за создавање нови производи, отворање нови капацитети и нови работни места кои ќе влијаат поволно на растот и развојот на домашната економија.

(МИА)

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close