fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Хоџа на увид во Преспа-Без авионската интервенција против град штетата од невремето би била уште поголема

Општина Ресен, неодамна објави Јавен повик со кој ги повика земјоделците чии површини имаат претрпени штети да ги пријават.

Министерот Хоџа денеска во обиколка на Преспа, констатира дека преспанските овошари претрпеа значителни штети по невремето од пред неколку дена.  Силен град со пороем дожд направи голем пустош по преспанските овоштарници.
-Денеска, заедно со Министерот Арјанит Хоџа  од МЗШВ , пратеничката Бети Наумовска и директорот на УХМР , го посетивме регионот кој во претходните денови беше погоден од временска непогода -град.
Во разговор со оштетените земјоделци, констатиравме дека штетата би била многу поголема без авионската интервенција против град, за која цел е извршено засејување на градоносните облаци со сребрен јодид.
Општина Ресен, неодамна објави Јавен повик со кој ги повика земјоделците чии површини имаат претрпени штети да ги пријават. Општинската комисија веќе ja собира потребната документација. По обработката на податоците ќе биде доставен извештај до Државната комисија за проценка на штети.
Одржан е и конструктивен состанок со работната група на јаболкопроизводители, на кој беа предложени одредени мерки и активности во интерес на преспанските овоштари , објави градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски .
А.Б
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close