вестиМакедонијаТоп вести

 Зелени афоризми

 

За тоа што нашите земјоделци не живеат како на филм криви се самите: слабо глумат.

**

Моментално земјоделието ни е во криза, а тоа кај нас се пренесува од колено на колено.

**

Рано е за подоброто утре на нашите земјоделци: далеку е Први април.

**

Овците треба да се заштитат, ама не сo волчји закони.

**

Европа не им нуди спас на сите македонски земјоделци од објективни причини. Не сакаат сите да станат гастарбајтери.

**

Може и волкот да биде сит, и овците да се на број. Ама онаму кај што волците се вегетаријанци.

**

Земјоделците можат да ги заштитат своите култури со аларми за штетници.                      За жал, алармите не реагираат на накупците.

**

Парадокс: најголеми субвенции земаат оние што садат тикви со ѓаволот.

**

На комшијата никако да му тргне овоштарството. За него сите жени се забрането овошје.

**

Македонска работа: што и да посадиме, ние на крај ќе го обереме бостанот.

**

Кога накупците перат пари, земјоделците ги носи матната.

**

На нашите земјоделци ни факир не им е рамен. Цел живот одат по трње.

Миле Ѓорѓијоски

автор Блаже Докуле

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close