Агро бизнисВестиТоп вести

Земјоделците од цела Грција попладнево на протест во центарот на Атина

Најавите се дека тракторите во текот на ноќта ќе останат паркирани пред грчкиот Парламент и ќе си заминат утре претпладне. 

Од различни делови на Грција, со траекти, автобуси, автомобили, но и со трактори, грчките земјоделци попладнево ќе пристигнат во Атина за да одржат протест на плоштадот Синтагма пред Парламентот, каде што, според најавите, се очекува да преноќат и утре да си заминат, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот е закажан за 16 часот по локално време, а земјоделците добија поддршка од Синдикатот на вработените во приватниот сектор, од опозициските СИРИЗА, Нова левица и Комунистичката партија, кои упатија повик за учество во собирот.

Според неофицијални информации, околу 130 земјоделци од Крит, доцна синоќа со траект тргнаа кон Атина, од континентална Грција се очекува да стигнат со автобуси, додека пак од местата што се во близина над 50 трактори со камиони ќе бидат пренесени до патарините пред влезот во грчката метропола, од каде што организирано ќе се упатат кон плоштадот Синтагма.

Најавите се дека тракторите во текот на ноќта ќе останат паркирани пред грчкиот Парламент и ќе си заминат утре претпладне.

Поврзани новости

Back to top button