fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделскиот сектор како дел од евроинтеграцискиот процес, тема на третата седница на Агро Советот

Детално беа презентирани клучните барања за усогласување но и за понатамошна примена, во областа на законските регулативи, фитосанитарната политика, рибарство и аквакултура како и барањата за исполнување на европските стандарди во областа на храна и ветереинарсво, безбедност на храната и благосостојбата на животните.

Земјоделството е најзначајната економска гранка во евроинтеграцискиот процес и токму тоа е беше денешната тема на третата седница на највисокото тело во земјоделството Агро Советот.

Претставници на секторите во министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство пред членовите на Агро Советот ги презентираа предизвиците за земјоделскиот сектор при евро-интеграцискиот процес. Детално беа презентирани клучните барања за усогласување но и за понатамошна примена, во областа на законските регулативи, фитосанитарната политика, рибарство и аквакултура како и барањата за исполнување на европските стандарди во областа на храна и ветереинарсво, безбедност на храната и благосостојбата на животните.

„Членството во Европската Унија значи нов голем пазар за пласнирање на нашите земјоделски производи, стандардизирани по европски правила. Значи нови фондови за инвестиции и нови можности за уште поголем развој на земјоделскиот сектор. Како држава чекориме сигурно на европскиот пат, отворајќи го процесот на преговорите со Унијата за полноправно членство“, истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски.  

Кластерот 5 од преговорите се однесува токму на земјоделството и е еден од најобемните кластери. Токму во таа насока потребно е сите заедно министерството, научната фела, земјоделците, невладиниот сектор, социо-економските партнери и стучната јавност, посветено да го дадат својот придонес, своето искуство, во процесот на преговори, како би ги поставиле на здрави темели нашите позиции и нашата визија за развој на европско македонско земјоделство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close