fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Се прават договори за тутунот со намалени површини и количини

Дали да се потпише договор за новата реколта?!

Тутунарите се пред нов предизвик дали да ги потпишат договорите за новата реколта на тутунот со откупните компании. Тутунопроизводители се жалат дека дел од откупните компании  почнале да потпишуваат договори со кооперантите, но за жал скратен е и бројот на договори и количинината која откупната компанија се обврзува да ја откупи.

Тутунари за Зелена берза потврдуваат дека Сокотаб веќе почнал со потпишување на договори. Коментираат дека од 1 декар се обврзани да предадат само 300 кг тутун.

Од „Тутунска надеж“ реагираат дека и покрај сериозните зебелешки од нивна страна како и од страна на Сојузот на земјоделски здруженија сепак некои откупни компании почнаа да прават договори на минимални површини.

-Замислете едно седумчлено семејство да мора да преживее со три декари тутун додека во исто време на  накои кои немаат допирна точка со земјоделие им се прават договори на 50, 100 и 150 декари земја, реагира Васко Јосифовски од „Тутунска надеж“.

Да не се потпишуваат договори повикаа и од Сојузот на земјоделски здруженија,

-Да не се потпишуваат договори се додека не се реши откупот од овогодинешната реколта додека не се израмнат цените на договорите во сите фирми, и се додека не се седне да се разговара за правилникот за откуп, повика неодамна Менде Стомнароски од СЗЗ.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close