fbpx
Вести

Одгледување тикви – агро бизнис од кој добро се живее

 

photo

Јосиф Јосифовски од битолско Кравари, на возраст од педесет и четири години е македонски рекордер во производството на индустриска тиква, од која се користат семките. Бидејќи земјоделие работи на десеттина хектари, од кои седум се под наем, веднаш штом во Пелагонија прекина производството на шеќерната репка, во неговите есапи тиквата го зазеде местото на слаткиот корен.

Јосиф користи семенски материјал од Турција, и со годинешната реколта постигна рекорд.

Семките од овој земјоделец до Нова година ќе бидат продадени на битолскиот пазар, а покрај семкарите, се поголем замав зема интересот и на трговците со здрава храна, бидејќи семката е барана од здравствени и нутритивни причини, факт што ќе биде предизвик и за другите земјоделци. За тиквата како нуспроизвод за добиточна храна, сточарите допрва ќе треба да покажат интерес.

 

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close