Пазарно адаптирање на полупазарните млекопроизводители

(Oвој напис е објавен на: October 9, 2019)

Иднината на полупазарните стопанства е важна заради нивната улога кај заштита на селската заедница што се акцептира и во заедничката аграрна политика на ЕУ. Тие играат голема улога во развој на земјоделството во поранешните социјалистички земји како резултат на расподела на земјоделското земјиште.  Во принцип, станува збор за ситни земјоделски стопанства со производство за сопствена консумација и ниско ниво на пазарно учество. Нивната специјализација е со одредени производи, тие стопанства можат  да се интегрираат во пазарни услови и да постигнат добри економски резултати. Од една страна тоа бара специфична умешност и знаење од земјоделците како и  пристап до платежно способен пазар. Искуството од Франција покажува дека малите француски фармери најчесто прилагаат три стратегии за диверзификација. Првата е поврзана со разработка на селски туризам кој вклучува освен хотелиерство, отварање на мали работилници и магазини. Втората стратегија е сврзана со производството на високо квалитетни производи или такви со локални карактеристики и третата стратегија е комбинирано земјоделство со неземјоделска дејност,пишува проф. Д-р. Борис Анакиев, а Фактор објавува.

Полупазарните стопанства треба да надминат 3-4 пречки за пазарна интеграција: транзициони трошоци,  неспособноста да ги обезбеди стандардите за квалитет  и беспарична корист од консумирање сопствено произведена храна. Суштествува и четвртата причина поради произвоство на свежа храна  во изолирани  општински подрачја. На прво место кај трансакционите расходи сврзани со барањето на потенцијални партнери, собирање на ценовни информации, договарање и трошоци за склучување на договори. Тука се вклучени транспортните трошоци, кои се особено големи за земјоделците во оддалечените реони.

Кооперирањето помеѓу полупазарните стопанства е од основно значење за подобрување на нивниот пристап до пазарот. Потребна е  да се стимулира нивната комерцијализација, потребна е концентрација врз политиката за намалување на трансакционите трошоци, преку нивно намалување за сметка на транспортот и стимулирање на кооперативните пазари.

Стандардите за земјоделските стопанства, можно е да делуваат како бариера пред полупазарните стопанства за нвното учество на пазарот. Земјоделските стопанства можат да се прилагодат за: квалитет, (на пример: за  органолептички и козметички) безопасност на храната, автентничност на производниот процес. Традиционално државните органи воведуваат и наложуваат придржување  кон тие стандарди. Парарелно со тие приватни стандарди, вклучително и меѓународни договори како на пример “Глобал гап” или такви специфични стандарди на купувачите, стануваат се почесто користени во меѓународните супермаркетови  ланци  за доставување на храна.

Пречката за ниско ниво на учество на пазарот се состои и во тоа, дека некои производители можат да бидат задоволени поради тоа дека конзумираат храна која ја произвеле сами. Ценовната информација, трансакционите трошоци и аграрната политика немаат тежина кај решавањето за тие фармери. Често се тоа таканаречени градски фармери, кои произведуваат земјоделски производи како хоби и важни се за градско-селските односи, а во врска и со градската вработеност. Целиот текст може да се прочита на следниов линк.

Извор: Фактор