вести

Стопанската комора на Македонија одбележува 95 години работење

stopanska komora tabla

Позицијата на малите земји во меѓународната економија е темата на собирот на Стопанската комора на Македонија.

По повод 95 години од формирањето и работењето на македонската Стопанска комора, на тркалезната маса во Скопје ќе учествуваат најуспешните бизнисмени во регионот, како и државници, меѓу кои и Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Стипе Месиќ од Хрватска.

Позицијата на малите земји во меѓународната економија е темата на собирот на Стопанската комора на Македонија.

Гости ќе бидат и Александар Влаховиќ, главен организатор на Копаоник бизнис-форумот, Миодраг Костиќ, претседател на „МК Груп“ – Белград, Бранко Роглиќ, сопственик на „Орбико“ – Загреб, Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговско-индустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација, претседателите на стопанските комори на Србија и Косово,  Светозар Јаневски, Кочо Анѓушев, Глигор Бишев и други реномирани претставници од науката и бизнисот од земјата и од странство.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close