Ве измачуваат тропските горештини и сакате нешто што ќе ве разлади и ќе ве освежи? Изгаснете ја жедта во жешките денови со природна лимонада со вкус на праски.
Идеалниот спој на слатко-кисели овошни вкусови ќе ви ја врати енергијата и ќе посакате уште и уште.
СОСТОЈКИ
4 шолји | вода |
2 шолји | крупно исечкани праски (4-5 праски) |
1 шолја | свежо исцеден сок од лимон (4-5 лимони) |
¾ шолја | шеќер |
2 шолји | мраз |
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ
Во големо тенџере ставете ги водата, праските и шеќерот и поставете го на оган. Откако водата ќе зоврие, варете 3-4 минути за да омекнат праските.
Низ голема цедилка претурете ја течноста во друг сад, а праските пасирајте ги со лажица за ги отстраните лушпите и месестиот дел.
Ставете ја течноста во фрижидер да се лади неколку часа.
Додајте го сокот од лимон во течноста со вкус на праска и ставете мраз.
Послужете ја лимонадата ладна. Украсете со парче праска, јагоди, нектарини, лимон или цреши.
ЖЕСТОКА ВАРИЈАНТА
Претворете ја лимонадата со праски во пијалак за возрасни со тоа што во неа ќе додадете бел рум, вотка или текила.