fbpx
ВестиТоп вести

Штетите од невремето во  општина Прилеп проценети на 80 милиони денари

На 80 милиони денари е процената штетата од невремето што на два наврати ја зафати општина Прилеп. Ова е сумата што членовите на Советот на општина Прилеп ја изгласаа усвојувајќи го збирниот извештај на 30 седница на Советот.

„Со невремето кое на 24 јуни го зафати Канатларци и околните населени места, зафатени се 642 хектара земјиште со проценета штета од 74 милиони денари. Советот исто така го усвои и извештајот за второто невреме кое што на 4 јули го погоди подрачјето на Тополчани и другите населени места, кое зафати површина од 76 хектари а висината на проценетата штета изнесува околу 6 милиони денари. Советот на општина Прилеп овој извештај ќе го испрати до второстепената
владина комисија која на следната седница треба да го усвои извештајот и да изврши обесштетување на жителите“, вели претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

Ова лето на два наврати невремето погоди неколку села од општина Прилеп. Силниот дожд, проследен со град и силен ветер предизвика големи штети на земјоделските култури  на отворено од кои најмногу настрадаа житните култури, тутунот, бостанот и пиперот.

П.Јовановска

Слични написи

Back to top button
Close