fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Кога е најдобро време за режење на лимон?

Резидбата на стеблото на лимон не е комплициран процес и го стимулира неговиот раст и овозможува подобар принос.

 

Лимонот е прекрасно и многу украсно зимзелено растение со сјајни лисја, бел цут со силна арома и освежувачки плод. Тоа го знаат во многу домаќинства каде лимонот се одгледува во саксии. Не бара многу , но е чувствителен на ниски температури и не толерира студ. Со редовно одржување и грижа,

Режењето поттикнува раст и подобар принос

Режењето е неопходен дел од грижата за сите дрвја, вклучително и лимонот. Го стимулира растот и им дава цврста структура што им е потребна за подобар принос. Со примена на контролираниот стрес на градинарски растенија, новиот раст се симулира за да се насочи повеќе енергија за развој на пупки. Исто така, со редовното режење се  отстрануваат болести, послаби и посуви гранчиња, но и сите оние на кои не им треба подоцна за хибернација.

Малите изданоци се режат почесто кај младите дрвја бидејќи тие постепено се намалуваат додека созреваат. Редовното режење е важно со цел растението да ја задржи својата големина со минимални напори и максимални резултати.

Кога е најдобро време за режење?

Во зависност од климата, режењето се прави  во пролет или есен. Најдобро е да се прави во пролет, во месец  март или април. Важно е температурите кога се прави резидбата  да не се премногу ниски за да не се замрзне растението.

Младите лимонови стебла се режат толку често колку што е потребно за да ја обликуваат својата растечка форма. За постарите лимонови дрва, најдобро време за резидба е после секоја берба, еднаш или двапати годишно.

Како да се режи стеблото на  лимонот?

Бидејќи агрумите се одгледуваат во саксии и како украсни растенија, нивната резидба е важна од естетски причини. Таа се состои во обликување на топчеста круна и ретчење. Крошна се ретчи секоја година на крајот на зимата, пред да започне вегетацијата. Се сечат гранки кои се премногу долги или растат навнатре. Оштрата резидба резултира со повеќе вегетативни и помалку родни пупки. Слабата резидба или недостаток на резидба  развива плод но е  стеблото е помалку бујно и со помала кондиција.

 

Зошто лимонот ги исфрла лисјата?

Резидбата  се врши  со остро сечило .  Гранките обично не се скратуваат, туку се отстрануваат. Се скратуваат само садници по садењето, во висина на формирањето на крошна и оние гранки од кои сакаме да предизвикаме разгранување на странични пупки. Отстранувањето на гранките овозможува раст на пупките и ги отстранува непотребните гранки. Количината на отстранети гранки и острината на сечењето ја одредуваат состојбата, плодноста и бујноста на дрвото.

Сите потенки гранки треба да се режат за да се поттикне растот на поголемите, а секој рез  треба да биде под агол од 45 °, внимавајќи да не се оштети главната гранка. После  зимата, агрумите отфрлаат некои од лисјата ако немаат доволно светлина, па затоа е неопходно да се скратат оголените изданци имајќи го предвид формирањето на топчеста крошна.

Manja orezivanja mogu se raditi kroz cijelu godinu ukoliko je biljka zaštićena od smrzavanja. Bitno je nakon rezidbe stablo limuna dobro zaliti i prihraniti.

Мали резидбени  работи може да се прават во текот на целата година ако растението е заштитено од замрзнување. По режењето е важно лимоновото стебло добро да се наводни и прихрани.

Извор:Агроклуб

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close