fbpx
ВестиМакедонија

Сообраќајот по претежно суви коловози, наместа е можна појава на голомразица

Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Поради ниските температури, наместа е можна појава на голомразица.

Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close