fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра

Во рамките на петтиот пакет економски мерки е предвидена нова линија бескаматни кредити во износ од 615 милиони денари или 10 милиони евра

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски мерки за поддршка и помош на домашната економија и компаниите погодени со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Во рамките на петтиот пакет економски мерки е предвидена нова линија бескаматни кредити во износ од 615 милиони денари или 10 милиони евра, пари од Буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка, велат од СДСМ.

-Кредитите во висина од 3.000 до 30.000 евра се наменети за микро, мали и средни трговски друштва до 250 вработени од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, кои имаат пад на приходите од најмалку 30% и капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.

Овие бескаматни кредити имаат грант компонента до 50%, односно до 15.000 евра, која се применува ако корисниците годинава ги зголемат приходите за најмалку 10% и ако го зголемат бројот на вработени за најмалку 5% во однос на 2020 година, порачуваат од СДСМ.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close