fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Продолжуваат горештините, температурата до 40 степени, УВ-индексот 9

Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 39 степени.

Утре и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close