fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Дебарско есенската сеидба реализирана 80 отсто

Од вкупно планираните површини, 215 хектари ќе се засеат со житните култури, од кои 80 со пченица, 95 со јачмен, 5 со ’рж и 35 хектари со други житни култури. Што се однесува до индустрските култури, на 5 хектари ќе биде застапена маслодајната репка, вели Муладаути.

Земјоделците од подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, досега реализирале околу 80 отсто од планираните есенски сеидбени работи.

Според Арбен Муладаути, вршител на должноста раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со есенски култури ќе бидат засеани 220 хектари.

– Од вкупно планираните површини, 215 хектари ќе се засеат со житните култури, од кои 80 со пченица, 95 со јачмен, 5 со ’рж и 35 хектари со други житни култури. Што се однесува до индустрските култури, на 5 хектари ќе биде застапена маслодајната репка, вели Муладаути.

Додава дека планирано е, најголем процент, 190 хектари, да бидат засеани од индивидуалните земјоделци. Досега се засеани над 140 хектари. Земјоделските претпријатија, пак, веќе ги засеале планираните 30 хектари.

-Тоа значи дека есенската сеидба е реализирана со 80 отсто или засеани се над 170 хектари. Очекуваме истата да заврши пред оптималниот рок, кој е до средината на декември, во зависност од временските услови, посочува тој.

Земјоделците располагаат со сета потребна механизација, квалитетен семенски материјал и ѓубрива.https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=441323

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close