fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Вразумете се, баталете ги партиските бои и итно и без секунда одложување и блокирање донесете го овој Закон!

Не разбирам зошто опозицијата е против земјоделците? Зошто не сфаќа дека политички поени не се ловат на грбот и маката на тутунарите и земјоделците?

Не можам и нема да најдам оправдување за кочењето од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Законот за земјоделство и рурален развој од кој директно зависат над 20.000 тутунарски семејства!, порача министерот Љушчо Николовски на ФБ
Со месеци над 20 илјади домаќинства кои живеат од производство на тутун чекаат исплата на заслужените субвенции. Прво, 2 месеци чекавме Собраниската комисија предводена од опозицијата да се состане и да го помине Законот од кој зависи исплатата. Денес, кога конечно стигна на пленарна седница, повторно се одолговлекува неговото финално усвојување со пријавени над 15 дискусии со што е можно негово одложување за нови 30 дена.
Не разбирам зошто опозицијата е против земјоделците? Зошто не сфаќа дека политички поени не се ловат на грбот и маката на тутунарите и земјоделците?
Има место за политика – тоа е на партиските говорници. Но, никако на собраниската говорница додека десетици илјади семејства го чекаат усвојувањето на Законот за земјоделство и рурален развој кој овозможува како Влада да извршиме итна исплата на субвенциите за тутунарите.
Ве молам по трет пат денеска: Вразумете се, баталете ги партиските бои и итно и без секунда одложување и блокирање донесете го овој Закон!
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close