Вести
Земјоделците од кавадаречко и росоманско се информираа за Гарантниот фонд
Пред земјоделците од Кавадаречко и Росоманско синоќа беше презентиран Гарантниот фонд, инструмент кој ќе овозможи полесно реализирање на инвестициите во аграрот.
Како што беше речено при претставувањето на деталите, поволностите и можностите што ги нуди Фондот, користењето на средствата ќе биде преку комерцијалните банки.
– Гарантниот фонд помага кредитирање при инвестиции во земјоделството. Секој земјоделец може да го користи. Ако претходно требало да се даде гаранција три спрема еден, сега гаранцијата е помала, изјави Виктор Младеновски од Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На земјоделците им беа објаснети и програмите за поддршка кои ги нуди Министерството за земјоделство.