fbpx
Вести

ПОСЛЕДЕН КВАРТАЛ ОД 2016: Овие намирници граѓаните најмногу ги купувале…

namirnici

При крајот на 2016 година кај дел од производите има намалување на откупот, а кај други зголемување.

Во четвртото тримесечје лани откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 39.3% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 65.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 2.9%., се гледа од податоците на Државниот завод за статистика. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, грозјето, алкохолните пијалаци, млекото и рибата. Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.


 

фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close