НОВО!Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз
Преку измени во Програмата за директни плаќања кај мерката 7 ја зголемуваме поддршката и го зголемуваме рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година.
По предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ги усвои предложените мерки за поддршка на производителите на јачмен, пченица и ориз.
Нови мерки за поддршка на земјоделците, навремено и на самиот почеток од жетвата, подготвени во консултации со подсекторската група за жито. Мерки прифатени од земјоделците и во интерес на земјоделците.
Со измени на Уредбата за директни плаќања креираме мерка, дополнителна субвенција, за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерка наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи, или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.
Преку измени во Програмата за директни плаќања кај мерката 7 ја зголемуваме поддршката и го зголемуваме рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година. Ваквата измена е со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство. Сите земјоделци кои ќе го предадат производството на складирање заклучно со 1 септември ќе можат да добијат финансиска поддршка за целиот период, додека количините се во складиштата, односно до крајот на годината. Преку измените кај оваа мерка се зголемува и финасиската поддршката која од 500.000 денари се згулемува на 1.500.000 денари по корисник.