fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ако поминале 10 години, не плаќајте ги сметките на извршителите!

Сите граѓани, кои имаат стари предмети од 2005 до 2011 година, како и до изгласување на законските измени да дадат приговор

Поранешниот пратеник Самка  Ибраимовски и претседател на политичката партија ПЦЕР ги повикува сите граѓани, жртви на извршителите, да поднесат барања за деблокирање на сметките доколку поминале десет години од решението што го добиле. Тој, исто така, појаснува дека треба да се направи и корекција на каматата кај оние решенија кои се од понов датум, бидејќи таа не може да биде повисока од главниот долг. Ибраимовски за весникот ВЕЧЕР вели дека тој како предлагач на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи треба да се стави крај на огромните каматни стапки, а измените веќе се усвоени и објавени во „Службен весник“. Но тој потенцира дека извршителите  измените треба да ги почитуваат, иако како што вели постојано му се јавуваат граѓани кои се жалат дека има отпор кај некои извршители во  примена на новите законски измени.

Измените на овој закон треба да им донесат бенефит на граѓаните кои имаат застарени комунални сметки, како што се за вода, струја, парно, како банките. Граѓани досега за долг од 1.000 денари враќале и до пет пати поголем износ, а сега со новите законски измени, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг.

-Јас бев еден од предлагачите на законот за облигациони односи кои се однесува на делот за извршителите, со цел  за да се избришат долговите над 10 години, да се избришат и каматите, за да не можат главниот долг да го надминуваат по неколку пати – објаснува за весникот ВЕЧЕР, Ибраимовски и дополнува дека како претставник на граѓански здруженија притиснал овој закон да промине, да се изгласа во собранието каде добил поддршка и од други пратеници, бидејќи според него извршителите се цицачи на народот.

Тој нагласи дека  измените веќе се објавени во „Службен весник“ и тие се во сила.

-Морам да потенцирам дека овој закон е ретроактивен. Има и апсолутна застареност од 10 години од денот на извршното решение, односно престанува наплатата на тој долгот и ако е започната постапката. Ова важи и за започнатите предмети, а се поминати неколку години, исто така застарува – вели Ибраимовски и дообјаснува дека пет години застареност е од кога е донесена судска одлука и се поминати пет години, па ако шестата година доаѓа кај извршител, тој долг е застарен.

Тој апелира до сите граѓани, кои имаат стари предмети од 2005 до 2011 година, како и до изгласување на законските измени да дадат приговор. Ибраимовски исто така ги информира граѓаните дека се бришат обврските кон извршителите, кои им ги наплатувале како трошоци.

-Да се бришат обврските кон извршителот. Но по автоматизам не се бришат долговите. На извршителите треба да им дадеме приговор за застареност на побарување, за да им се посочи дека постапката ја започнуваат. Во неа треба да се наведе колку години се поминати од долгот. Ова важи и за почнатите постапки. Приговорите можат да ги најдат кај мене, јас сум подготвен како граѓански активист да им помогнам за да ги дадат кај извршителите, а не во суд како што некои извршители ги препраќале – објаснува за весникот ВЕЧЕР, Ибраимовски.

Тој истовремено ги повикува министерот за правда, Народниот правобранител  и Комора на извршители да пратат известување, законот да се почитува, бидејќи со овој проблем се засегнати околу 100 илјади граѓани во земјава.

Ибраимовски потсетува дека досега сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, да застаруваат за десет години, па дури и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност.

Ибраимовски за весникот ВЕЧЕР дополни дека има новина и кај брзите кредити. Според него со законските измени административните трошоци можат да бидат до 60  проценти, а не како до сега 300 проценти од долгот. Се прекинува праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните враќаа и по 70.000 денари.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close