fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поевтинувањето на производите за 10 отсто нема да се заснова на септемвриските цени, туку кога имаше мерки

Поевтинувањето на производите за 10 отсто нема да се заснова на септемвриските цени, туку на оние од месеците кога важеа одредни мерки, кога Владата се откажа од одредени давачки како царински или од ДДВ, и кога цените беа пристојни, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Поевтинувањето на производите за 10 отсто нема да се заснова на септемвриските цени, туку на оние од месеците кога важеа одредни мерки, кога Владата се откажа од одредени давачки како царински или од ДДВ, и кога цените беа пристојни, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

„Намалувањето нема да биде со датум и цена која била во текот на септември оваа година, туку ќе биде од други месеци, кога имаше пристојни цени, цени кои моѓе да бидат образложени и на тие цени ќе треба да се направи намалување за 10 отсто. Денеска тоа им го пренесов и на ланците на супермаркети. Цените од септември нема да бидат реферетни во делот на намалувањето од минимум 10 отсто. Значи ако во март, да го земеме како пример, цената била сто денари и во септември била 150 денари, реферетна цена во намалувањето ќе биде 100 денари, нема да биде 150 денари. И врз тие сто денари треба да има минимум намалување од 10 отсто“,

појасни Бектеши во вечарашното гостување во емисијата „Вин Вин“ на Телевизија Телма.  

Министерот рече дека со одлуката ќе се овозможи намалување на 50-тина производи, но не само од 10 отсто туку доколку се процени дека цените биле енормно зголемени, намалувањето може да биде и 15 отсто.

Бектеши најави дека на неделна база ќе се следат сите движења на цените, посебно во прехранбената индустрија.

Министерот повторно најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено ново законско решение за нефер трговски практики, што според него, било предлог на премиерот Димитар Ковачевски и на што заедно работеле. Ова ќе биде прво вакво законско решение кај нас и во регионот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close