fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За тутунарите 6.000 денари по пријавен хектар, нова мерка

Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

Нови владини мерки за поддршка на земјоделието се предвидени и кај растителното производство.

-Нова мерка креираме и за тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин да го стекнат правото за оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. Дополнително за оваа реколта креираме уште една нова мерка. Доколку вкупната откупена количина тутун не надминува 15.000 тони, за дополнителни 20 денари се зголемуваат субвенциите, по класи за предаден тутун, посочи министерот Љупчо Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close