Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Колку треба да изнесува реално откупната цена на јаболкото?
Нема веќе да има неоткупено македонско јаболко, вели Трипуновски.
Колку треба да изнесува откупната цена на конзумното јаболко е прашање кое ги мачи овоштарите. Бербата на јаболкото традиционално почнува на Крстовден.
Министерот Цветан Трипуновски на последната средба со овоштарите од Преспа разговараше за откупот на конзумно и индустриско јаболко.
-Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување.
Им ветив на земјоделците дека со работа и мерки ќе запре намалувањето на површините под јаболков насад.
Нема веќе да има неоткупено македонско јаболко.