Јадењето ореви помага да се намали нивото на холестерол
Одредени намирници можат да помогнат во намалувањето на нивото на холестерол.
Во контролирањето на холестеролот многу важна е и исхраната, а одредени намирници можат да помогнат во намалувањето на нивото на холестерол.
Една таква намирница се и оревите, како најдобри јаткасти плодови кои можат позитивно да влијаат на здравјето на срцето. Според Eating Well, консумирањето од 30 до 60 грама ореви дневно во текот на две години може да го намали вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот за околу 4%.
„Високото ниво на лошиот ЛДЛ холестеролот може да доведе до таложење на наслаги во артериите, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Спротивно на тоа, добриот холестерол помага да се отстрани вишокот холестерол од крвотокот“, објасни диететичарот Венди Базилиан.
Со 2 грама влакна по порција, јадењето ореви може да помогне во управувањето и намалувањето на холестеролот.
„Влакната во оревите помагаат во намалувањето на нивото на холестерол со тоа што се врзуваат за холестеролот во дигестивниот систем и го помагаат неговото излачување“, вели диететичарот.
Оревите се богати со два вида здрави полинезаситени масти, имено алфа-линоленска киселина и омега-3 масни киселини од растителна основа кои помагаат во регулирањето на ЛДЛ холестеролот и триглицеридите. Покрај тоа, овие масти придонесуваат за намалување на штетниот холестерол.
Исто така, оревите се богати со полифеноли кои делуваат како антиоксиданти. Тие ги неутрализираат слободните радикали, намалувајќи го оксидативниот стрес и воспалението. Овие јаткасти плодови имаат позитивен ефект врз здравјето на цревата со поттикнување на растот на корисни бактерии. Здравата цревна флора е поврзана со пониски нивоа на холестерол, што дополнително придонесува за здравјето на срцето.