fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

МАРКЕТИНГ ШТО ПРОДАВА – Огромен интерес за првиот настан во UTOPIA Academy – маркетингот што продава

На 4 и 5 март, Битола станува центар на маркетинг знаењето.

Огромен интерес за првиот настан во UTOPIA Academy – маркетингот што продава пристигнува во Битола

На 4 и 5 март, Битола станува центар на маркетинг знаењето.
Првпат во регионот, најсилните маркетинг умови од Југоисточна Европа доаѓаат во Академијата УТОПИЈА за да покажат како дигиталниот маркетинг навистина работи.

„Ова нема да биде уште еден работилница. Ова е местото каде што маркетингот станува стратегија, а не случајност.
Дводневната обука што ќе те научи како да ја играш играта – побрзо, попаметно и поефикасно” – истакнуваат од Академијата Утопија.

Настанот ги носи во Битола следните предавачи:

Иван Миниќ – претприемач, автор, маркетинг стратег и човекот што ги открива тајните на успешниот бизнис
Ако некој знае како (не) треба да се прави бизнис – тоа е Иван Миниќ. Тој го основа еден од првите и најголеми интернет проекти во регионот – Burek.com, платформа која достигна милионски број на корисници.
Како автор на книгата „Uzmi pare i bavi se onim što voliš“, ги анализира грешките и успешните чекори на претприемачите.
Неговата платформа Pojačalo Podcast денес е еден од највлијателните подкасти за бизнис и претприемништво во регионот, каде што интервјуирал над 250 бизнис лидери, инвеститори и маркетинг експерти.
На UTOPIA Academy ќе зборува за ТОП 10 грешки што ги прават претприемачите – и како да не ги повториш.

Даниел Милошевиќ – копирајтинг мајстор кој знае како зборовите да продаваат
Даниел Милошевиќ е копирајтинг стратег кој ги разбира луѓето подобро од алгоритмите.
Соработувал со големи брендови, стартапи и маркетинг агенции, креирајќи продажни текстови што не само што привлекуваат внимание, туку и носат реални резултати.
Дали некогаш си напишал одличен пост, но никој не реагирал? Даниел ќе ти покаже како да создадеш содржина што ќе ја сакаат луѓето – и ќе продава.

Милош Скокиќ – стратег за дигитален маркетинг што знае како да ја добиеш играта на социјалните мрежи
Во дигиталниот маркетинг не е доволно да имаш добар производ – треба да знаеш и како да го претставиш.
Милош Скокиќ е маркетинг консултант со 10+ години искуство во градење брендови преку дигитални канали.
Работел со брендови што денес доминираат на пазарот, користејќи алгоритми и психолошки трикови за максимален ангажман.
Ќе те научи како да креираш содржина што алгоритмите ја сакаат – но што ќе ја сакаат и луѓето.

Александар Ашковиќ – YouTube експерт и AI визионер
Додека некои сè уште се прашуваат дали видеото е важно, Александар Ашковиќ веќе создава брендови што доминираат на YouTube.
Како консултант за дигитални медиуми, соработувал со некои од најголемите компании во регионот, помагајќи им да го искористат моќниот видео маркетинг.
Ќе зборува за AI алатки што ја олеснуваат продукцијата, оптимизација на YouTube видеа и стратегии што ќе го направат твојот бренд препознатлив.

Светозар Круниќ – човекот што не троши, туку заработува
„Пуштивме реклама, ама ништо не се случи.“ – ако ова ти звучи познато, време е да го слушаш Светозар Круниќ.
Како Google Ads експерт, работи на оптимизација на платени кампањи што носат резултати.
Ако трошиш пари на реклами без поврат на инвестиција – ова е предавањето што МОРАШ да го слушаш.

Горан Магдиќ – SEO стратег што знае како да бидеш прв на Google
Денес, ако не си на Google, не постоиш.
Горан Магдиќ има долгогодишно искуство во SEO стратегија, техничка оптимизација и контент маркетинг.
Ќе зборува за тоа како твојот бренд да биде прв на Google – и како да остане таму.

За кого е ова?

За компании што сакаат повеќе од „објави нешто, па ќе видиме“.
За маркетинг агенции што не сакаат да бидат само посредници, туку експерти што знаат што прават.
За фриленсери што сакаат поголема видливост, повеќе клиенти и повеќе пари.
За институции што конечно сакаат да комуницираат подобро.
За секој што тргнува од нула, ама сака да го направи тоа како што треба.

Ќе има ограничен број на 1-на-1 сесии со предавачите, за конкретни решенија за твојот бизнис.

Пријави се: 070 / 237 – 347 или на info@utopia.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close