
„Ајварката“ ги извади на блокади и земјоделците од Пелагонија – мизерни цени за пиперот
Земјоделците си ги бараат и заостанатите субвенциите од 2025 година за предадената пиперка во откупувачки капацитети.
Земјоделците од Пелагонија, производителите на пиперката – куртовска капија го блокираа патот Прилеп – Битола незадоволни што пиперката намената за ајвар не се откупува или она што го оди на откуп е по мизерна цена од 15 денари за килограм, што не им е исплатлива.
Сезоната за берба на пиперката за ајвар е во екот, а родот скапува по нивите бидејќи за самите земјоделци цената која им се нуди за прва-втора класа пиперка и за индустријата не им ги покрива производните трошоци. Првично беше договорено ппиперката за се откупува: 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора и индустриска класа, а 15 денари од килограм за шкартот. Сега здравите пипреки што немаат скапано на нив им се откупуваат за 15 денари како да се шкарт.
„Како земјоделци имаме направено договори со откупувачите, откупувачите имаат договори со преработувачите, значи договори имаме, а досега немаме продадено ни 2 посто од родот. Магацините се затворени, се откупува одредена количина, вкупно од Пелагонија многу малку е предадно по цена од 15 до 18 денари за килограм. Ова е срамно. Цената на пиперката треба да биде од 25 до 30 денари за да можеме да ги покриеме трошоците“, рече Јане Камчески земјоделец од Бела Црква на протестот во Пелагонија.
Најголемиот проблем за производителите на пиперка е што се работи за лесно расиплив производ кој мора навреме да биде набран и предаден на откуп.
„Рокот за предавање на родот е краток и земјоделците се ставени во една исклучитено неповолна ситуација по што се принудени да го дават родот по еконимски неодржливи цени. Затоа земјоделците ги истураат пиперките по каналите“, велат засегнатите производители на протестот.
Во изминатите денови на социјалните мрежи се објавија видеа на кои земјоделци од Пелагонија дозволија стада овци да влезат во нивите со пиперки, да ги јадат, како и цели приколки со набрна пиперка да се искураат по ендеците во знак на протест за откупната цена.
Земјоделците денеска од протестот упатија барања до Владата.
Итно да се обезбеди непречен откуп на пиперката-куртовска капија и исплата на предадениот род во рок од 15 дена. Побараа итна средба со Министерот за земјоделие, откупувачите и преработувачите. Бараат откупната цена да биде еконимски исплатлива, а доколку тоа не се случи да се формира Интервентен фонд со што држвата ќе ја надополни цената од откупната цена до цената на производство во износ од 10 денари по килограм.
Земјоделците си ги бараат и заостанатите субвенциите од 2025 година за прерадената пиперка во откупувачки капацитети.
„Владата може да ги притисне преработувачите, во смисла на забрзана преработка на набавената пиперка, да ги притисне за навремена исплата, затоа што исплата на роба по две – три години не е исплата. Да се зголемат субвенциите и да не ги исплаќаат наредната година, туку веднаш штом заврши откупната сезона“, рече Васко Јосифовски земјоделец од Пелагонија.
Доколу не се реши во најскоро време проблемот со откупот на „ајварката“ земјоделците најавуваат радикализација на протестите.
Анета Блажевска




