fbpx
ВестиЛов и риболов

Богојавленско порибување со пастрмка во реката Брегалница во Делчево

Спортските риболовци од Делчево денеска во реката Брегалница во Делчево го извршија првото Богојавленско порибување со пастрмка. Како што истакна претседателот на Спортско риболовното друштво „Брегалница“ Ванчо Стојмирски, ова е првпат во Делчево да се врши порибување со пастрмка.

-На овој денешен ден решивме да ја порибиме река Брегалница во Делчево со пастрмка. Две наши фирми од Делчево ни помогнаа да го извршиме порибувањето, односно тие ги обезбедија средствата за да набавиме 30 килограми пастрмка. Сакаме ова да стане како еден вид традиција и на Водици да го збогатуваме рибниот фонд во нашата река, вели Стојмирски.

Иако пастрмката е риба карактеристична за други подрачја во Македонија, сепак како што додава Стојмирски доколку нема загадување, пастрмката може да успее и во речните води на Брегалница.

-Пастрмката е вид на риба која доколку нема поголеми загадувања може да успее и во водите на Брегалница. Што се однесува до моменталната состојба со животинскиот свет и покрај големите загадувања и ловење на риба на неспортски начин, сепак има риба во Брегалница, но она што сакаме да го направиме е преку вакви порибувања, повеќе пати во годината животинскиот свет во реката Брегалница во Делчево уште повеќе да го  да го збогатиме, додава Стојмирски.

Спортското риболовното друштво Брегалница во текот на изминатат година во неколку наврати со порибување го збогати животинскиот свет во езерскиот комплекс „Сандански“. Друштвото брои околу 100 челнови од кои педесетина се активни спортски риболовци.


 

1tv.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close