fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Данок за најбогатите!

Европски земји веќе размислуваат и за нови даноци за енергетските компании и банките

Шпанската влада сака да воведе данок за најбогатите граѓани со цел да собере доволно пари за зголемените буџетски трошоци, изјави денеска министерката за буџет Марија Хесус Монтеро.

– Данокот треба да почне следната година, рече Монтеро, истакнувајќи дека поради парламентарната процедура можеби нема да биде готов за почетокот на 2023 година и дека за мерката разговара со помалиот партнер во владата Подемос, кој ја вклучи во својата предизборна програма.

Таа додаде дека Владата подготвува и нови даноци за енергетските компании и банките.

– Ќе користиме слична шема за енергетските компании и банкарството. Во следните две години… од големите богаташи во оваа земја ќе биде побарано за одреден временски период да се „исчистат“, рече Монтеро.

Шпанија ќе одржи локални и регионални избори следната година и веќе жестоко се дебатира дали да ги намали или зголеми даноците за да се ограничи инфлацијата и да се олеснат економските тешкотии предизвикани од руската инвазија на Украина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close