fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Зголемена трговската размена на Албанија со Македонија

Извозот на албански земјоделски производи во Македонија порасна за 37,2 отсто вредносно и 32 отсто по количина.

Благодарение на олеснувањето на трговските процедури меѓу земјите од регионот, има зголемување на комерцијалната размена во областа на земјоделството и храната, јави АТА.

Според статистиката на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој, во 2022 година, преку иницијативи и намалување на царините и други пречки, земјата успеала да го зголеми за 25 отсто обемот на трговската размена во земјоделството со земјите од „Отворениот Балкан “,  Македонија и Србија.

Извозот на земјоделски производи од Албанија во Србија е зголемен за 58,2 отсто вредносно и 13,6 отсто по количина. Извозот на албански земјоделски производи во Македонија порасна за 37,2 отсто вредносно и 32 отсто по количина.

Истовремено, увозот на земјоделски производи од Србија во Албанија е намален за 9 отсто, а од  Македонија за 22 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close